ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Оваа Политика за приватност има за цел да Ве информира во однос на личните податоци кои Адвајзори Доо, 6000 Охрид, Македонија (во натамошниот текст „контролорот“) во рамки на своите деловни активности ги обработува за Вас. Врз основа на Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст „законот“) при собирање на Вашите лични податоци, ние дејствуваме како контролор, и за обработката на истите сме должни да Ве информираме. Обработката на Вашите лични податоци за нас претставува исклучително сериозна активност, па од тие причини, за нивна заштита, ги преземаме сите неопходни технички и организациски мерки. Воедно, при обработка на Вашите лични податоци секогаш се водиме од начелата поврзани со обработката на личните податоци предвидени во законот.
Оваа политика се однесува на сите категории на субјекти на личните податоци, чии податоци ги обработуваме во согласност со законот.
Кои сме ние?
Категории на субјекти на личните податоци
Ние како контролор за исполнување на нашите законски обврски, договорни обврски, за нормално функционирање на компанијата, исполнување на целите на проектот, како и во согласност со природата на работењето на компанијата, ги обработуваме личните податоци на следниве категории на субјекти на личните податоци:
Како ги собираме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци кои ги обработуваме односно собираме за Вас како посетители на нашата веб страна, за време на Вашата посета на нашата веб страна се податоци за навигација односно неопходни колачиња за нормално функционирање на нашата веб страница.
Веб страницата ви нуди можност да ни пишувате директна порака преку поставената контакт форма во делот на „Контакт“.
Исто така, веб страницата ја користиме и за информирање на јавноста со соопштенија, активности, објавување на податоци кои сме обврзани да ги објавувме за компанијата, како и податоци за контакт (адреса на компанијата, телефонски број, Email и информациии за офицерот за заштита на личните податоци).
Посетители на нашата веб страница:
При посетата на нашата интернет страна, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
Контакт форма
Доколку сакате да ни пратите порака директно преку контакт форма, мора да се достават следниве категории на лични податоци:
Податоците од контакт формата се обработуваат од овлатеното вработено лице во согласност со природата на добиената порака.
Лични податоци на вработени лица
Податоците за вработени лица се прибираат врз основа на член 8 и член 20 од Законот за евиденции од областа на трудот, а кои податоци се неопходни за исполнување на конкретни права и обврски од работниот однос. Во таа насока, за нашите вработени обработуваме:
Рокот за чување на личните податоци на вработените е утврден со Законот за евиденција од областа на трудот и листа на документарен материјал со рокови на чување на компанијата. Досиејата на вработени се чуваат 45 години од денот на престанок на работниот однос. Сите други податоци за вработените се чуваат во согласност со предвидените рокови во Процедурата за ограничување на роковите за чување и листата на документарен материјал со рокови за чување.
Лични податоци на кандидати за вработување
Личните податоци за кандидатите за вработување ги обработуваме преку доставувањето на CV, апликација за вработување, мотивациско писмо или при извршување на интервју/тестирање. Обработката на Вашите лични податоци се врши во согласност со член 10 став 1 алинеја 2 од законот за заштита на личните податоци, а кој се однесува на обработка на податоци за исполнување на договорни обврски или за да се преземаат активности за склучување на договор. Во таа насока за Вас како кандидати за вработување се обработуваат:
Вашите лични податоци во текот на целиот процес на избор на кандидат се обработуваат со цел склучување на договор за вработување, донесување на одлука за висина на платата. По завршување на постапката, доколку сте избрани за работната позизија ќе се пристапи кон склучување на содоветен договор за вработување. Во спротивно, Вашите лични податоци, вклучувајќи ја документацијата која сте ја поднеле кај нас (CV, мотивациско писмо, копија од дипломи, сертификати и други докази) се враќаат кај Вас или се уништуваат доколку се поднесени како копија. Доколку сметаме дека вашето работно искуство може во иднина да биде потребно за нашата компанија, со Ваша изречна согласност ќе продолжиме да ги чуваме Вашите податоци за да бидете контактирани во моментот кога ќе се ослободи соодветно работно место. Оваа обработка на лични податоци се основа на Вашата изречна согласност и како таква можете да ја повлечете во секое време бесплатно, при што повторно се пристапува кон бришење/враќање/уништување на Вашите лични податоци.
Лични податоци на корисници на on-line купување
Нашата веб страница Ви нуди можност за он-лајн купување на производи кои ги нуди нашата компанија. Податоците кои се прибираат за Вас при купување на производите се користат исклучиво за навремена и точна испорака. Финансиските податоци кои ги внесувате при плаќање на производите се обработуваат во соодветната банка и истите не се обработени од страна на компанијата. Податоците кои се неопходни за извршување на испорака на купените производи кои Вие треба да ги внесете на нашата веб страница се:
По внесување на неопходните податоци се нарачува прозиводот и понатаму се испорачува до дадената адреса.
Податоците се чуваат во согласност со внатрешните процедури за утврдување на роковите за чување, правилата за архивско и материјално работење како и правилата за финансико работење.
Лични податоци за ангажирани лица (надворешни соработници)
Во рамки на исполнување на деловните активности, компанијата ангажира надворешни соработници. Со сите лица кои се одбрани за соработка, компанијата склучува соодветен договор за соработка. Во рамките на оваа соработка за оваа категорија на субјекти, се обработуваат следниве категории на лични податоци:
Податоците се обработуваат со цел извршување на доворите со нашите надворешни ангажирани лица (соработници). Рокот за чување на податоците е утврден со интерните прописи и истиот изнесува 10 години од денот на раскинување на договорот. Уништувањето се врши во согласност со интерните прописи и правилата за архивско и канцелариско работење.
Споделување на лични податоци
Во зависност од категоријата на субјекти на личните податоци, со цел спроведување на законските права и обврски, можно е Вашите податоци да бидат споделени со трети страни. Во рамки на вработувањето податоците се споделуваат со Агенцијата за вработување, Фондот за здравствено осигурување, Фондот за пензиско осигурување, Вашата определена банка за примање на плата, Управа за јавни приходи, како и други надлежни институции. Вашите податоци како учесници на обуки и соработници не се споделуваат со трети страни.
Откривање на лични податоци
Личните податоци кои ги обработуваме се откриваат само врз основа на писмено барање од овластени лица врз основа на закон.
Доколку контролорот ангажира обработувач, истото го врши со целосно почитување на член 32 од Законот за заштита на личните податоци, и ги презема сите технички и организациски мерки за заштита на обработката на личните податоци. При избор на обработувач компанијата има донесено процедура за избор на обработувачи, која како критериум за избор го предвидува и нивото на усогласување со законот за заштита на личните податоци.
Безбедност на личните податоци
Компанијата ги презема сите технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на обработката на личните податоци соодветно на ризикот, на правата и слободите на субјектот на личните податоци. Компанијата вложува посебни напори и средства за обука за заштита на личните податоци на вработените, а посебно на офицерот за заштита на личните податоци. Податоците во хартиена верзија се чуваат во посебни простории и пристапот е ограничен само на овластените лица. Податоците во електронска верзија се обработуваат во апликации кои се користат на ниво на компанијата, во кои исто така е ограничен пристапот и се преземени сите технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.
Вашите права
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате овластеното лице за заштита на личните податоци.
Вашето право за поднесување на барање до надлежниот орган
Доколку сметате дека компанијата при обработка на Вашите лични податоци ги повредува одредбите од ЗЗЛП, можете да поднесете барање до надзорниот орган Агенција за заштита на личните податоци. Барање: https://www.dzlp.mk/node/3274
All Right Reserved © 2023 Dimoski Distillery
Please verify your age